Освојувањето на титулата во Лигата на шампионите, освен престиж, на Баерн Минхен му донесе и рекордни 115,69 милиони евра.

Оваа сума е резултат на беспрекорниот настап во најсилното фудбалско клупско натпреварување во Европа, којшто Баварците го крунисаа со победата во финалето против Парис сен Жермен со 1:0.

На патот до освојување на трофејот Баерн славеше во сите одиграни натпревари, нешто што не му успеало на ниту еден тим претходно, а само победата во финалнито дуел на германскиот тим му донесе 19 милиони евра.

На заработката за секоја од остварените победи се додаваат и парите што Баерн ќе ги добие од системот за распределба на телкевизиските права, познат како „маркет пул“ (market pool).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.