Белгискиот голман Тибо Куртоа, по вчерашната победа над Леванте изјави дека понекогаш знае да биде бесен на својот соиграч и сонародник, Еден Азар. Тие од сезонава се повторно колеги, но не во Челси, туку во Реал Мадрид.
Еден знае да биде многу опасен кон противнилчите голмани и доста е релаксиран кога ја има топката. Но понекогаш знам да бидам бесен на него бидејки често сака да биде атрактивен со топката, но кога ќе ја загуби им ја дава на противниците. Во тие моменти тој знае да биде опасен за нас и да креира опасна ситуација за нашата одбрана, инаку тој е беспрекорен играч, вели Куртоа.
Реал Мадрид вчера потешко од очекуваното успеја да забележа победа и 3 бода против тимот на Леванте со 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.