Српските медиуми пишуваат дека еден од најпознатите фудбалски агенти, тетовецот Фали Рамадани, наскоро ќе ја преземе сопственоста на српскиот суперлигаш Мачва.

Наводно, преговорите меѓу градските власти во Шабац и познатиот агент со потекло од Тетово се во завршна фаза и клубот пролетниот дел од сезоната ќе го започне со ново раководство.

Поради судирот на интереси, Рамадани нема да има никаква функција во клубот, таа улога ќе им ја предаде на своите најблиски соработници, но со неговото големо искуство сигурно ќе влијае во одлуките на српскиот суперлигаш.

Мачва веќе подолго време се соочува со сериозни проблеми, пред сè финансиски, а ништо подобро не котира ниту на резултатски план, затоа што моментално е претпоследен тим на табелата во српскиот елитен фудбал.

Рамадани е застапник на бројни фудбалски ѕвезди кои играат во најдобрите фудбалски лиги во Европа, а своевремено беше и менаџер на тетовска Шкендија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.