Големиот ривалитет кој постои помеѓу Англија и Шкотска кулминираше со тепачка на улиците на Лондон пред дуелот од второто коло од Европското првенство. Се појави снимка од инцидентот помеѓу навивачите на Англија и Шкотска. Имено, голем број на „Тартан армијата“, како што себе си се нарекуваат навивачите на Шкотска, пристигнаа на дерби натпреварот, а помеѓу нив имало и хулигани од Селтик кои се познати по нетрпеливоста кон Англија.
Судирот меѓу навивачите го забележала и една камера, а на снимката се гледа тепачка помеѓу двајца млади на една лондонска улица.
Набрзо се придружиле уште неколку навивачи, а во снимката од 30 секунди еден постар навивач заврши на земја.
Fight between English and Scottish fans before the game in London. 18.06.2021#ENGSCO #ENG #SCO
Video @SubjectAccesss pic.twitter.com/8sgqURy7c5
— HooligansTV (@HooligansTV_eu) June 18, 2021
Celtic Soccer Crew in London for England – Scotland 18.06.2021#ENGCRO pic.twitter.com/APbCfM4r75
— HooligansTV (@HooligansTV_eu) June 18, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.