Каков ќе биде односот помеѓу Кристијано Роналдо и новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари е едно од главните прашања во Италија пред почетокот на новата сезона. Вчера гигантот од Торино драматично загуби од Тотенхем со 2-3 по гол од половина терен во 92-та минута на Хари Кејн.
Покрај убавиот гол, на пријателскиот натпревар имаше уште еден интересен момент. Три минути по голот на Кристијано за 2-1, Португалецот беше заменет. Кога излезе од теренот, италијанскиот стратег му кажа нешто на офанзивниот фудбалер и потоа следеше „ладен“ поглед од суперѕвездата.
На прес-конференцијата по мечот, Сари го пофали освојувачот на пет „Златни топки“ и јавно го ослободи од дефанзивни задачи.
Кристијано, се разбира, е најдобриот играч во нашиот тим. Затоа треба да се организираме многу добро. Останатите десет играчи треба да учествуваат во фазата на одбраната, но Кристијано може да трча било каде на теренот. Тој е најдобар играч и затоа мислам дека е многу важно за него да има слобода на теренот, рече тренерот на „црно-белите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.