Екипата на Ајакс е најпријатното изненадување сезонава во ЛШ која по елиминацијата на Реал Мадрид и Јувентус е на чекор до финалето откако нивните фудбалери победија на првиот полуфинален дуел против Тотенхем со минимални 1-0.
Сепак како ладен туш доаѓа изјавата на тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг кој најави дека е можно да ја напушти екипата доколку не му се донесат адекватни замени за фудбалерите кои ќе си заминат на лето.
Доколку и понатаму важат договорите кои ги постигнав со чениците на Ајакс и доколку очекувањата се реални, тогаш постои голема причина да ја продолжиме соработката. Но, имам и јас свои очекувања, или желби. Доколку клубот ми каже „не“, тогаш би можел да си заминам, изјави Тен Хаг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.