Таткото на Нејмар е во Торино за да оствари средба со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, пишува „Ел Мундо Депортиво“, повикувајќи се на информации од Италија. Веста доаѓа во денот кога целото внимание на навивачите беше свртено кон трансферот на Матаис Де Лихт од Ајакс во Јувентус за 75 милиони евра.
Според написите средбата ќе има информативен карактер, а до овој момент не се водени конкретни разговори за преминување на Нејмар во Италија.
Бразилецот е пред напуштање на Пари Сен Жермен, а за неговата желба тренерот Томас Тухел изјави дека знае од крајот на сезоната во Лига 1. Барселона се обидува да го врати Нејмар во своите редови, но засега преговорите со ПСЖ не одат во вистински правец.
Фановите на Јувентус не се воодушевени од информациите. Многумина веруваат дека тоа е лажна вест, а според други Бразилецот едноставно не и е потребен на „Старата Дама“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.