Најавеното формирање на Суперлигата од страна на 12 од најпознатите и најбогати клубови предизвика голема бура во спортската јавност. Следуваше серија закани со казни и суспензии од УЕФА, по што 10 од клубовите, сите освен Реал амдрид и Барселона, официјално се повлекоа од проектот.

Во меѓувреме, бурата полека стивнува, но во јавноста излегуваат информации за тоа како течел процесот и какви биле плановите при креирањето на Суперлигата.

Аргентински „Инфобае“, повикувајќи се на бразилскиот „УОЛ“ објавува дека во првичните планови за Суперлигата се разгледувало учество и на клубови од други делови од светот, не само од Европа. Така, претседателот на Суперлигата и на реал амдрид, Флорентино Перез, уште во 2019 година ја разгледувал таа идеја со три клубови од Јужна Америка, Ривер Плата и Бока јуниорс од Аргентина и Фламенго од Бразил.

Според информациите, кога дознал за такво нешто, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, предупредил на опасностите што таквиот потег може да ги предизвика, но имал улога на посредник во тие разговори.

Средбата ги разлутила водечките луѓе на УЕФА и КОНМЕБОЛ (Јужно амриканската фудбалска федерација), но Инфантино подоцна објаснил дека средбата се одвивала со почитување на сите правила и закони и дека ФИФА може да помогне да се дојде до договор меѓу сите страни – се наведува во текстот.

Медиумот ги добил овие информации од анонимен извор од бразилскиот клуб и во нив не се наведува кој бил ставот на аргентинските клубови, ниту, пак, се даваат информации дали планот фклучувал други јужноамерикански клубови.

Имаше разговори меѓу Фламенго и претставници на Суперлигата. Според челниците на клубот, Европејците покажале да го вклучат Фламенго во проектот со загарантирано место во лигата – вели изворот.

Тој додава дека пандемијата, која ја зафати целата Планета, предизвикала овој глобален проект да биде стопиран и поради тоа европските клубови одлучиле самите да го формираат новото натпреварување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.