Легендарниот голман на Црвена Звезда Стеван Стојановиќ открива дека непосредно пред финалето со Олимпик Марсеј во 1991 година, емисари од францускиот клуб му нуделе многу пари па прими гол.
Но, тој тоа не го прифатил и Звезда со Панчев и Најдоски стана европски шампион во Бари.
Сакаа да го купат натпреварот и ме одбраа мене. Знаеја дека голманот е последната пречка. Никогаш не помислив дека некој е подготвен такво нешто да ми понуди, Кога го добив повикот, ми рекоа дека имаат нешто за мене. Мислев дека ме бараат на разговор за нов клуб бидејќи имав дозвола од Црвена звезда на крајот од сезоната да заминам во странство – открива Стојановиќ.
Бев со Роберт Просинечки, пиевме кафе. Кога заминав со нив во соба и кога ми го покажаа коферот, не ми беше добро. Тоа беа многу пари, но не потклекнав. Сите тие беа наши луѓе, но најмени од Французите. Воопшто не се возбудија кога ги одбив. Знаете што ми рекоа? Не мораш да ги земеш парите, но ние ќе кажеме дека си ги земал и се ќе излезе во весниците. Како и да заврши натпреварот ти ќе бидеш виновен. Јас не се согласив на уцената, а потоа никогаш не ги видов тие луѓе – заврши српскиот голман
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.