Суперкупот на УЕФА во кој ќе се сретнат победникот во Лигата на шампиони, Челзи, и освојувачот на Лига Европа, Виљареал ќе се игра пред максимален број од 13.000 гледачи, соопштија од Европската фудбалска асоцијација.
Дуелот меѓу победниците во двете најсилни европски клупски натпреварувања ќе се игра на 11 август, со почетокот од 21 часот, на стадионот „Виндзор“ во Белфаст.
Навивачите ќе можат да аплицираат за билети до 2. август, а влезот на стадионот ќе биде дозволе со негативен ПЦР или брз антигенски тест.
Во врска со странските навивачи кои ќе сакаат да го следат Суперкупот од трибините на „Виндзор парк“, УЕФА наведе дека тие ќе мораат да се приджуваат на препораките на локалните власти за влез во земјата на странски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.