Телото на покојниот Диего Армандо Марадона не смее да биде кремирано, бидејќи може да има потреба од ДНК примерок во текот на оставинската постапка.
Одлуката, како што јавија денеска аргентинските медиуми, ја донесе судот во Буенос Аирес, и покрај тврдењето на личниот адвокат на Марадона, кој во изјава за Ројтерс истакна дека веќе е земен ДНК примерок при обдукцијата на телото.
Аргентинската фудбалска легенда почина на 25 ноември од срцев удар и е погребан на гробишта покрај неговите родители во близина на Буенос Аирес.
Судската постапка околу оставината на Марадона веќе започна и се очекува долг и сложен процес. Тој остави пет законски признаени деца, а уште шест други тврдат дека Марадона е нивен татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.