Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, потврди дека ќе остане во клубот и следната сезона.
Да, сигурен сум дека ќе останам. Атлетико ме прими одлично од првата минута. Овде добро се однесуваа кон мене. Прашав дали има место во музејот на клубот, каде ќе покажат како создаваме историја со Атлетико – порача Уругваецот за „Мовистар“.
Триесет и четиригодишниот Суарез сезонава постигна 21 гол на 32 натпревари во Ла Лига.
Атлетико Мадрид ја освои шампионската титула во Шпанија, а еден од најзаслужните за трофејот е токму Суарез кој пред сезоната од Барселона дојде во Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.