Никола Секулов, фудбалерот кој настапуваше за Македонија, но реши да ја промени репрезентацијата, отвори ново поглавје во својата кариера и потпиша професионален договор со италијанскиот калчолигаш Јувентус.
17-годишниот Секулов, кој е по потекло од Струмица, важеше за голема иднина на мак-фудбалот, но поради несогласувања со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да го искористи правото да игра за Италија, земја во која е роден.
Младиот фудбалер од средиот ред со неверојатна техника и визија за фудбалот настапуваше за младинските категории на Јувентус, а сега направи голем чекор напред во кариерата, па потпиша професионален договор со „бјанконерите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.