На распоредот во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа пет од шесте натпревари од 4. коло. Нов лидер на табелата е тимот на Струга, барем до вечер кога ќе се комплетира колото. Стружани на свој терен го совладаа Шкупи.
Четвртата рунда се покажа како среќна и за шампионот Шкендија која стигна до прв триумф во новото првенство.
На дното остана Пелистер со максимални четири порази.
Резултати:
Борец – Брегалница 1:1
Скопје – Пелистер 1:0
Работнички – Тиквеш 2:1
Шкендија – Македонија ЃП 4:0
Струга – Шкупи 4:2.
Вечер од 20 часот играат Академија Пандев и Ренова.
Табела: Струга 8 бода, Академија Пандев 7 (натпревар помалку), Ренова 7 (натпревар помалку), Шкупи 7, Работнички 7, Македонија ЃП 6, Шкендија 5, Скопје 5, Брегалница 4, Борец 4, Тиквеш 1, Пелистер 0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.