Дваесет и двегодишниот албански фудбалер Амир Адеми загина во стравотна сообраќајна несреќа во Германија. Младиот фудбалер го загуби животот откако во вторникот вечерта во 20.40 часот дошло до судир меѓу „пежо“ и „пасат“. Адеми изгорел жив во својот автомобил.

Адеми играше за германски Регенсбург. Зад себе остави родители, брат и сестра.

Полицијата го истражува овој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.