Борусија Дортмунд го порази во полуфиналето од Германскиот куп со 5:0 второлигашот Холштејн Кил и стаса до финалето каде што ќе се сретне со РБ Лајпциг.
Фудбалерите на Борусија погодија четири пат за 16 минути во првото полувреме, а двапати стрелец беше Аериканецот Џовани Рејна, додека најдобриот стрелец Норвежанецот Ерлинг Халанд одмораше поради повреда на мускулот,.
Во 16 минута Рејна го отвори резултатот а во 23 минута го удвои водството на клубот од Дортмунд. Капитенот Марко Ројс постигна погодок во 26 минута, а Торган Хазард погоди во 32 минута, па Борусија во само 16 минути го „торпедираше“ Кил, кој во второто коло го елиминираше шампионот и бранителот на титулата во купот, минхенски Баерн. Англичанецот Џад Белингам во 42 минута зголеми за конечните 5:0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.