Чуварот на мрежата на Македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски во моментов е голман број еден на тековното ЕУРО. Поточно е на врвот на листата по бројот на одбранети удари, пенали, избиени топки.

Прецизните статистичари на УЕФА утврдиле дека Димитриевски по две одиграни кола има 11 одбрани, еден пенал, и осум избиени топки. На сето ова секако мора да се додаде дека прими и пет погодоци.

Тој е на делба на ова прво место со 11 одрбани заедно со турскиот чувар на мрежата Угурчан Чакир кој зад себе нема одбранет пенал и има само две избиени топки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.