Астон Вила се најде во проблем во незгоден момент пред два тешки мечеви со Челси и со Лидс затоа што ќе мора да биде без својот тренер Стивен Џерард, кој е во изолација откако бил позитивен на тест на ковид-19.
Во Велика Британија има експлозија на зараза од новиот омикрон-сој поради што три меча од утрешната боксинг-деј програма нема да се играат, а Астон Вила сега е последна „жртва“ зашто оваа божиќна рунда, како и предновогодишната ќе мора да ја одработат без својот кормилар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.