Младинскиот репрезентативец Миле Тодоров е на проба во шкотскиот Глазгов Ренџерс, чиj менаџер е англиската легенда Стивен Џерард и многу веројатно ќе потпише договор со овој гигант.
Според весникот „Скотсман“, 19-годишниот Тодоров е во Шкотска на проба кај Ренџерс кој треба да ги тестира капацитетите на одличниот дефанзивен фудбалер за врска пред да го потпише во овој зимски преоден рок. Тодоров според информациите веќе играл на еден тест меч за Ренџерс против англиски Мидлзбро.
Младиот фудбалер е поранешен играч на Работнички, кој потоа направи трансфер во хрватски Новиград, а Ренџерс веќе подолго време го следел на настапите за младата селекција на Макеоднија и за хрватскиот клуб.
Фан-страни на социјалните мрежи на шкотскиот великан веќе најавија дека Тодоров имал задоволувачка проба и дека се очекува да го засили Ренџерс, кој сезонава се бори за шампионската титула. Инаку овој шкотски гигант во првото квалификациско коло во Лига Европа го елиминираше чаирски Шкупи.
👕 | Macedonian youth internationalist Mile Todorov played as a trialist for Rangers development team yesterday. The NK Novigrad midfielder is expected to complete a deal. pic.twitter.com/jAbtwKrlPO
— Ibrox Chat (@IbroxChat) January 16, 2019
Извор Спорт 1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.