Напаѓачот на Англија, Рахим Стерлинг, по победата над бугарскиот тим (6:0) синоќа во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020, го коментираше расистичкото однесување на навивачите на стадионот.

Сочувствувам со Бугарија што беше претставувана од вакви идиоти на стадионот. Во секој случај, 6:0 и летаме дома. Ние ја завршивме нашата работа. Добар пат за нашите навивачи, тие беа добри, напиша Стерлинг на „Твитер“.

Средбата во Софија, беше прекинувана двапати, а навивачите замолени да прекинат со расистичките навреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.