Една од најголемите sвезди на Англија, Рахим Стерлинг, ги потврди неодамнешните ставови во кампот на „трите лава“. Откако во изминатите неколку дена се појавија тензии околу зборовите на некои англиски репрезентативци, дека би можеле сами да го напуштат теренот и да го прекинат секој од претстојните квалификациски дуели со Чешка и Бугарија поради манифестација на расизам, Британците инсистираат на тоа дека имаат верба во протоколот на УЕФА и ќе го почитуваат.

Овие наводи ги потврди и тренерот на Англија, Герет Саутгејт, додека Рахим Стерлинг, за кој британските медиуми тврдат дека бил предмет на расистички навреди за време на посетата на Бугарија на „Вембли“, истакна дека верува во Федерацијата.

Мислам дека како тим не бевме добро подготвени за тоа што се случи во Црна Гора. Моравме да знаеме дека постои одреден протокол според кој да дејствуваме. На почетокот на неделата имавме состанок на кој Гарет ни објасни каков е протоколот на УЕФА. Сега мора да и дадеме на УЕФА шанса да преземе одговорност и да се справи со ситуацијата. Во овој момент, имаме целосна доверба во УЕФА, рече Стерлинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.