Ставив перница на лицето на мојот син, кој лежеше на грб. Цели 15 минути ја притискав перницата, додека мојот син цело време се бореше. Кога престана да дише, ја подигнав перницата. Тогаш почнав да викам по докторите да помогнат, како би отфрлил било каков сомнеж вели фудбалерот.
Турската јавност е шокирана од информацијата дека соиграчот на македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов во Бурсаспор, дефанзивецот Сехер Токташ го призна убиството на петгодишниот син, пренесува порталот Екипа.
Таткото на 23. април е хоспитализиран со синот на кого му е дијагностициран коронавирусот. Момчето било примено на одделението за интензивна нега, а два часа по приемот починало. Докторите како причина на смртта навеле тешка респираторна компликација предизвикана од коронавирусот.
Но, вистината исплива на површина 11 дена подоцна. Токташ сам се пријавил во полиција, признавајќи дека го задавил детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.