Познатиот фудбалски стадион во Неапол „Сан Паоло“ во иднина ќе го носи името на легендарниот Диего Армандо Марадона. Ова го предложи градоначалникот вчера, а Наполи прифати.
Фудбалскиот свет вчера го потресе смртта на големиот Диего , а особено беше емотивно синоќа во Неапол, каде славниот фудбалер остави неизбришлива трага.
Набргу по потврдата за најлошите претчувства, светлата на стадионот „Сан Паоло“ беа вклучени во чест на човекот кој на клубот и на градот му донесе две титули шампион на Италија и многу, многу радост.
Пред бројните мурали во градот во подножјето на планината Везув, навивачите се собраа синоќа, запалија факели и свеќи и му оддадоа почит на својот безвремен идол. Слично беше и пред стадионот.
Во целата атмосфера на шок и тага, на Твитер се појави градоначалникот на Неапол, Луиџи де Магистрис, кој предложи во иднина градскиот стадион да го носи името на Марадона.
Тој предлог беше, логично, ентузијастички и одобрен од сите, и наскоро сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, во принцип се согласи со тој предлог.
Целосното идно име сè уште не е дефинитивно дефинирано, но најверојатно ќе гласи „Диего Армандо Марадона – стадион Сан Паоло“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.