После 30 години Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие потполно нова слика. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) целосно реконструира две трибини (јужна и источна), а целосно покриена со кровна конструкција ќе биде јужната трибина.

Веќе се набавени и 2.000 нови столчиња за стадионот на ФК Тиквеш, а општина Кавадарци потоа целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини вели дека за кратко време е поминат патот од идеја до реализација на проектот.

Сите знаеме колку стадионот и ФК Тиквеш значи за градот Кавадарци. Исклучитено сме задоволни од досегашниот тек на активностите, напредокот веќе е видлив, а следната пролет ќе ја видиме целосната слика од Градскиот стадион. ФФМ обезбеди средства за изградба и реконструкција на трибините на стадионот, а заедно со општината ќе продолжиме да создаваме услови за подобрување на фудбалската инфраструктура. Благодарност до градоначалникот Јанчев и неговата администрација за обезбедувањето на сета потребна документација и можноста да започнеме со реализација на проектот во најкраток рок, изјави Сејдини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.