Пожртвуваноста на македонските спортисти повторно ги плени српските коментатори. Како што им се радуваа на ракометарите на Вардар кога го освоија европскиот трон, така им се радуваат и на фудбалерите во историскиот влез на европската фудбалска сцена.

Македонија ја победи Грузија со 0:1 на тешкото гостување во Тблиси и се пласира на Европското првенство во фудбал кое ќе се одигра идната година.

Македонија ќе се натпреварува во Групата Ц заедно со Холандија, Австрија и Украина.

Од трите меча во оваа прелиминарна фаза, два би играле во Букурешт, а еден во Амстердам.

Во продолжение уште еднаш голот на Пандев, кој ја однесе Македонија на Европско првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.