Денеска селекторот на македонската А репрезентација го слави 45 роденден, човекот кој ги одведе најдобрите македонски фудбалери за првпат на едно големо натпреварување.

Нашата сениорска селекција веќе се подготвува за настапот на континенталниот собир, вчера во пријателски натпревар одигра нерешено во Скопје со Словенците (1:1).

Наредниот тест меч „црвено-жолтите“ ќе го имаат в петок од 18.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ против Казахстан.

Ангеловски кој веќе над пет години ја води А репрезентацијата ќе се обиде со својата визија и план да направи уште поголеми успеси следниот месец. Неговиот договор како селектор на сениорите истекува по ЕП.

Успеа во текот на изминатите години да склопи микс на млади и искусни играчи, а тоа без сомнение даде подобри резултати. Владее одлична атмосфера, се создаде една неверојатна хемија во тимот..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.