Икер Касиљас е жива фудбалска легенда која точно 20 години брани на високо ниво. Се чинеше дека кариерата ќе ја заврши онаму каде што ја почна и се прослави, во Реал Мадрид, но патот во 2015 година го однесе во Порто каде игра веќе четврта сезона.
Со 18 години и 177 дена стана најмладиот голман кој бранел во најелитното клупско натпреварување. Тоа се случи на средбата Реал – Олимпијакос, на 15 септември 1999 година, рекорд кој му го сруши Миле Свилар пред три две години.
Но првиот повик датира од порано. Имал само 16 години и во ноември 1997 година требало да оди на гостување против Розенборг.
Тоа е многу добра анегдота, бидејќи јас во 1997 година уште одев во школо. На часови зборувавме за Реал Мадрид и за тоа како им оди. Се сеќавам дека беше ноември и дека беа во лоша серија од три или четири мечеви, но во ЛШ им одеше добро. Имаа важно гостување во Норвешка против Розенборг.
Додека имавме час кај друг професор, во училна влезе класниот. Сите знаеа дека сум дел од младинскиот сектор на Реал Мадрид и често ми зборуваше за тоа, исто како што јас зборував со другарите. Влезе и наеднаш ми рече: Икер може малку да излезеш на секунда? Се разбира, одговори јас.
Кога излегов надвор ми го кажа следново: Подобро да фатиш такси и да побрзаш на аеродромот Барахас, бидејќи од Реал Мадрид и се јавиле на мајка ти, а таа ни се јави на нас. Треба да одиш за Норвешка, се потсеќа Касиљас.
За кусо време од зборување за Реал Мадрид во школо, Икер се качил во ист авион со ѕвездите на неговиот најсакан клуб за кој тренирал.
Се почувствував како да сум добил на лото. Многу добро се сеќавам на тој момент, имав 16 години, си заминав од школо, отидов дома, се пресоблеков и фатив такси за на аеродром. Таму ги сретнав сите ѕвезди, сè што мислиш дека е невозможно кога си дете.
Прво седев во клупа со другар ми Хулио, а потоа на иста маса со Фернандо Мориентес, Кларенс Сидорф, Предграг Мијатовиќ, Давор Шукер и Раул Гонзалес. Тоа беше магично, никогаш нема да го заборавам.
Икер не влезе во игра на тој меч, но кога влезе во 1999 година, не излезе до 2015 година. Детето на кое класниот му рече бегај од школо, те чека Реал, стигна до “само“ 725 настапи за кралскиот клуб, 16 помалку од рекордерот Раул и освои 19 трофеи од кои 3 во Лига на шампиони 1999/2000, 2001/2002 и 2013/2014.
Извор: Офф.нет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.