Хрватската спортска јавост е во шок откако 24-годишниот фудбалер, Дејан Оршуш, почина од срцев удар за време на натпревар.
Во неделата, неговиот клуб, Оток, играше против Раднички во втората жупанска лига, но за време на натпреварот на Оршуш одеднаш му се слошило, а набргу потоа и починал во болницата во Чаковец.
Во длабока тага ве известуваме дека играчот на ФК Оток, Дејан Оржуш почина откако се онесвести за време на натпреварот. Тој беше човек за шега, талент за фудбал, голем играч и уште поголем пријател! Зад себе остави жена во петтиот месец од бременоста и дете.
Благодарност до него за сите голови, помагање на клубот и за подигање на расположението додека на момците им беше најтешко! Секогаш во нашите мисли и срца – објави неговиот клуб Оток, мало гратче во Меѓумурје.
хрватска,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.