Поранешниот српски фудбалер, а сега тренер, Синиша Михајловиќ денеска и прогласен за почесен граѓанин на Болоња. Одлуката е донесена со големо мнозинство на гласоци на состанокот на градскиот совет во присуство на градоначалникот на Болоња, Вирџинија Мероле.

Во образложението се наведува дека Михајловиќ највисоките градски почести ги заслужи како поради тренерските квалитети така и поради човечките особини.

Синиша се врати во Болоња на почетокот од 2019 година кога нашиот клуб се наоѓаше на ивицата на амбисот. Неговиот карактер и тренерски способности доведиа на чудесен начин да се спасиме од испаѓање и да го собориме рекордот по бројот на освоени бодови во ерата на претседателот Сапуто. Сите знаевме дека е непоколеблив на теренот, но начинот на кој се избори со тешката болест зборува дека е бестрашен борец – изјави Џан Марко де Бјазе, кој беше иницијатор за Михајловиќ да биде прогласен за почесен граѓанин.

Самиот Михајловиќ е воодушевен од ваквото признание.

Ова е второ вакво признание, првото го добив во Нови Сад, но за мене како Србин да бидам почесен граѓанин на италијански град е голема чест. Болоња е универзитетски центар и еден од најубавите градови во Италија. Се надевам дека секогаш ќе давам добар пример – изјави Михајловиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.