Спортскиот директор на ФК Вардар, Гоце Седлоски тренерската кариера ќе ја продолжи во Динамо Загреб на менаџерската функција на вториот тим.
Ова за медиумите од Хрватска го потврди нашиот поранешен репрезентативец кој седум години играше за клубот од Загреб.
Да, можам да Ви потврдам дека ќе го преземам вториот тим на Динамо. Ми се исполни желбата да работам во Динамо.Знаете колку го сакам Загреб, тоа е мојот втор дом. Не знам кога ќе почнам со работа, се зависи од мерките за превенција од коронавирусот.“ – изјави Седлоски за „24сата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.