Не им е до Вардар, до плановите, да ја урнат базата кај стадионот и да изградат нов комплекс како кинескиот ѕид и да направат милиони…“, ни кажа еден голем пријател на Вардар пред неколку месеци кога и официјално Сергеј Самсоненко го предаде клубот на Петре Шилегов (тогашниот градоначалник), а овој му го даде клубот на Слободан од фирмата “Блу Скај Инвестменс“, пишува „Спортмедиа“.

И тогаш најавија проекти, “бомби“, милиони, за дa денеска Вардар неуспеe да обезбеди пласман во елитата, неуспеа да обезбеди дури и бараж за барем уште една надеж која би го оставила клубот во живот за експресен кам-бек во елитата.

Анонимниот Слобода(н), кој со својата исто така непозната градежна фирма од правење фасади и лепење плочки влезе во играта наречена ФК Вардар. Од кажаните зборoви на прес конференмцијата со Петре Шилегов, па се до денеска, има само „празна слама“ и ништо повеќе. Лажни приказни, нереални филмови, лошо менаџирање и на крајот катастрофа за клубот, навивачите…

А Слобода(н), а и Петре и останатите требаше да знаат дека ова е најголемиот клуб во Македонија. Во земја каде Вардар е Македонија, а Македонија е Вардар. Дека клуб не може да се врати на врвот со фасадери и плочкари.

Ај сега да се вратиме на првата реченица од овој текст!

Реченица која е кажана уште пред да почне новиот проект со споменатата фирма на споменатиот Слобода(н) и сега веќе поранешниот градоначалник на Скопје.

Изборите за Шилегов беа фатални, загуби од скопјани (голем дел и не му дадоа глас токму поради ФК Вардар), а со тоа паднаа во вода и плановите, проектите и милионите кои биле планирани од изградба на нов комплекс на апартмани, хотели, ресторани на местото каде сега е фудбалската академија на Самсоненко.

Од некаде се појавува Слобода(н), коj е бизнис партенер и со газдите на хотел „Парк“ до скопскиот стадион, (еден од браќата Малиќи), со силен ветер и од зетот на Заеви од Струмица за кои се говори низ кулоарите дека се спонзорите од позадина на овој сегашен и неуспешен ФК Вардар. Дали истата таа групација требаше да направи нов „кинески ѕид“, да се земат на сила и останатите маркици за градба во истиот дел од паркот и да се уништи тогашната Академија „Вардар“, а сега Академија „Парк“. Се поставува прашањето: Која е позадината и кој е вистинскиот финансиер на ФК Вардар!? Доста е со молчење и преќутувања!

Истата таа екипа која ја „спаси“ Беласица, па се пресели во ФК Вардар. Имаа многу успешно фудбалско „си-ви“, па некој им го поклони Вардар за околу 30.000 евра!

Вардар веќе еднаш мина ваков земјотрес, но тогаш барем остана прволигаш. Исто така и тогаш клубот беше жртва на сметка на скопскиот кампинг. Клубот и во тоа време екс-градоначалници го искористија за доделување на маркици за камп, па со пренамена за градба никна бетонското чудо кое беше наречено „Кинески ѕид“.

Вардар и неговите навивачи треба да ја знаат вистината поради која клубот е во ваква ситуација. Клубот кој беше во рајот со Сергеј Самсоненко, стигна до најголемото дно. И таму не цветаа рози, лошо менаџирање, катастрофални кадри… Но како тоа наеднаш русинот застана!? Смена на власт и „пепел“. Вложени околу 80.000.000 евра во ФК, РК и ЖРК Вардар и потоа никому ништо. Одземање на имоти, лажни стечаи… Уште тогаш беше јасна позадината! Да нема Вардар силен спознор затоа што на многумина му смета, но и за да се скрои новиот план.

Еве сега Вардар има неуспешна сезона – хаварија зад себе! И да останат ли истите луѓе и догодина!? Сега е време за спас, за обединување и план за враќање на силниот Вардар. Времето ќе покаже дека без Вардар нема силен фудбал во Македонија. Тоа е факт од кој нема бегање. Жално е само тоа што некои се уште не се освестени, живеат во некои заблуди заведени од самонаречени легенди, па тераат политики кои го доведоа клубот тука каде што е – на дното и во најнискиот ранг (во Скопје нема трета лига – втората запад е најниско натпреварување).

Сега го нема Шилегов, ги нема веќе плановите за таа планирана фамозна градба од 42.000 м2. Ги нема ниту пилотите од Дубаи и Турција – нема ништо од ФК, па дури и со месеци нема плати за играчите.

Метлата треба да заигра веднаш и сега! Ако се чека, само ќе за загуби уште една година, а тоа е желбата на сите (а ги има многу) душмани на ФК Вардар!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.