Екипата на Интер вечерва претрпе уште еден болен пораз откако загуби од Лацио со 0-1 на домашен терен. По мечот, тренерот на домаќините, очигледно лут и разочаран, не штедеше зборови и го нападна веќе поранешниот прв капитен на тимот, Мауро Икарди.

Медијацијата во која учествува неговиот адвокат е понижувачка за фановите и сите оние кои го сакаат Интер. Зарем треба да преговараме со некого за да го натераме да го облече дресот, ова е понижувачко, дали сметате дека треба да испратем мејлови до 20 адвокати за да ги прашувам дали смеам да ги повикам играчите?

Луѓето велат дека губиме натпревари поради неиграњето на Икарди, но ќе кажам дека Интер со години не играше во Лигата на шампионите со Икарди, а сме губеле и полоши натпревари од овој со Икарди во тимот. Со сета почит, Меси прави разлика, но не и Икарди, професионализмот и самопочитувањето се најважни, изјавил италијанскиот стручњак.

Знам што е моја работа, со неговото однесување досега, според мене тој не треба да игра, а неговото место ќе го заземе некој што заслужува, истакнал лутиот Спалети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.