Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, најверојатно ќе го напушти тимот на лето, јави денеска италијанскиот весник, „Газета дело Спорт“. Според написот, управата на клубот не е задоволна од пласманот во домашното првенство, а раната елиминација во Лигата на шампионите била голема причина плус за оваа одлука.

Интер не успеа да ја помине групната фаза од елитното натпреварување, а последен пат во елиминационата фаза во ЛШ играл во сезоната 2011/2012.

Во Серија А тимот е трет со 29 бода по 15 одиграни кола ,а заостанува 14 бодови зад лидерот Јувентус.

Еден од можните кандидати за тренерската позиција во Интер е Антонио Конте, но се спомуваат и имињата на Диего Симеоне и Жозе Мурињо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.