Поранешниот тренер на Интер и Рома, Лучијано Спалети по крајот на сезоната најверојатно ќе го преземе Наполи.
Шеесет и двегодишниот Италијанец веќе подолг период е во контакт со неаполскиот клуб, додека последните денови двете страни напредуваа во преговорите, објави новинарот Николо Шира.
Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, Наполи му нуди на Спалети двегодишен договор.
За Наполи настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој не добива голема минутажа од сегашниот тренер Џенаро Гатузо.
По 31 коло, тимот се наоѓа на 5. место во Серија А
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.