Последните објавени фотографии на Матеја Кежман, прикажуваат сосема различна слика од тоа што беше поранешниот напаѓач на Партизан, ПСЦ, Челзи, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Фенербахче …
Сивата коса, долгата брада и запуштениот физички изглед се сосема несвојствени за некој којшто има само 41 година и до пред осум години бил професионален фудбалер.
Кежман минатата година го доби своето петто дете. Синот Лука е првото дете на Кежман со неговата трета сопруга, Тара Шумоња, со која се венча во 2018 година.
Со првата сопруга, Емилија Кежман, Матеја има три деца, Лазар, Александар и Јаков, додека со Марија Перковиќ го има синот Филимон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.