Оливер Николоски, еден од сопствениците на ресторанот „Ла страда“ негира дека од неговиот ресторан вчера биле избркани македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, неговите пријатели и неговите родители, поради тоа што зборувале на албански јазик. Николоски ја раскажува другата страна од приказната откако Алиоски го обвини ресторанот преку медиумите, а при тоа настанот го осудија претседателот Стево Пендаровски и ФФМ.

Претходно во текот на денот направивме резервација на неколку маси за група моторџии од Кавадарци кои наминуваат во нашиот објект штом ги носи патот во Прилеп. На една од нив беше седнат и фудбалерот Алиоски со свои луѓе. Им беше речено дека ќе треба да сменат маса, бидејќи на таа што седеа и уште неколку за пола час ќе дојдат најавени гости. Ниту им беше речено да станат веднаш, ниту беа навредени, ниту беа избркани. Но, веројатно поради тешкиот говор и зборување на македонски, дојде до недоразбирање, па укажувањето дека треба да се преместат го сфатија дека треба да заминат. Трипати се извинив, но беше залудно. Ниту како човек ниту како сопственик на објектот не сум имал проблем со националноста на гостите, рече Николоски за Нова ТВ.

Претседателот Стево Пендаровски го осуди настанот за наводното бркање на репрезентативецот.

Она што му се случи на нашиот Ezgjan Alioski е недопустливо и за осуда. Разликите треба да не обединуваат, а не да разделуваат. Tака е во успесите, но и во неуспесите на секое поле. Јас сум убеден дека огромно мнозинство од нашите граѓани прават разлика само врз основа на тоа што е добро, а што лошо, а не врз основа на тоа кој јазик го зборуваме, како се молиме или како изгледаме. Јас сум уверен дека огромно мнозинство од нашите граѓани веруваат и се застапуваат за тоа дека секој треба да има еднакви можности во Република Македонија, богатството на земјата е во мултикултурното општество кое го градиме сите.

Езџан Алиоски за македонската репрезентација до сега одиграл 28 натпревари во различни натпреварувања, зборувајќи го јазикот што најдобро го знае на терен со постигнати 5 голови и 6 асистенции, а ја претставува земјата во Шампионатот на Англија. Езџан продолжи да не’ радуваш со добрата и тимска игра, пример од кој учи целата држава, напиша Пендаровски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.