По победата против Германија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ја посвети победата на неговата сопруга, Тања Ангеловска, која се бори со Ковид-19.

Таа, пак, возврати на посветата со своја честитка за големиот успех на нејзиниот сопруг и неговите фудбалери.

Сакам да Ви честитам за победата над четирикратниот светски првак Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму МАКЕДОНИЈА да ја прекине РЕСПЕКТ. Во овие Квалификации постигнати 9 голааа СЕКОЈА ЧЕСТ. Честитки до Стручниот штаб, медицинскиот тим и техничкиот персонал на А селекцијата, сите фудбалери на А селекцијата. Некои од нив за овие 5 години пораснаа во очите на Игор Ангеловски од голобради момчиња станаа мажи, татковци за прв пат горди и одважни свесни за уникатноста на нивните карактери. Сите овие момци се предводени од капитенот ГОРАН ПАНДЕВ, маркантна фигура, далеку пред своето време.

 

Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно со моето семејство. КОВИД…неканет гостин кој ви го зема здивот. Сè уште ми одѕвонуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и крвните анализи. „КАДЕ СИ ТРГНАЛА МАЛЕЧКА, ЈАС СЕ УШТЕ НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ТЕБЕ“.

 

Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбирање и поддршка, без оглед на сè. Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца. Имајте мирно небо и здрави и живи вратете се дома – напиша сопругата на селекторот Игор Ангеловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.