Изјавата на француската фудбалска ѕвезда, Пол Погба во која тој нагласи дека „секој фудбалер сонува да игра за Реал Мадрид“ предизвика бура во медиумите, но и незадоволство кај навиачите на Јунајтед. Сепак, менаџерот на „црвените ѓаволи“ ја смирува ситуацијата и вели дека со оваа изјава Погба само „љубезно одговорил на една прашање“.
За време на интернационалната пауза играчите постојано се достапни и опкружувањето им е поинакво. Пол е многу пријатен и љубезен човек кој одговорил на генерално прашање за Зидан кој е икона во Франција, феноменален менаџер. Пол само љубезно одговорил на едно такво прашање и тоа е тоа. Пол е многу среќен овде. Ќе игра голема улога во градењето на тимот околу него и тоа нема да се промени, истакнал Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција во пресрет на натпреварот со Вулверхемптон кој ќе се одигра утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.