ЕСПН јавува дека Манчестер Јунајтед летово ќе се обидат да го донесат Саул Нигез од Атлетико Мадрид. За 24 годишниот шпански репрезентативец се интересира и Манчестер Сити кој се уште ја чека разврската околу продолжувањето на соработката со Илкај Гундоган.
Јунајтед најверојатно летово ќе остане без Андер Ерера за кој има интерес од ПСЖ, па Саул е идентификуван како негова перфектна замена.
Норвешкиот стратег кој бележи одлични резултати во Манчестер, сакал да состави стабилен среден ред во кој ќе бидат Саул, Погба и Матиќ, но во секој случај „ѓаволите“ ќе мораат да обезбедат сериозна сума за услугите на Саул кој е еден од најдобрите поединци во Атлетико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.