Манчестер Јунајтед синоќа ја оствари втората победа под водство на новиот тренер Солскјер, а на „Олд Трафорд“ беше поразена екипата на Хадерсфилд со 3-1.
Фрнцузинот Пол Погба, кој во изминатиот период се најде на мета на критики и беше во лоши односи со поранешниот тренер Жозе Мурињо, синоќа одигра одлична партија и постигна два погодоци.
Секако, после натпреварот, новиот тренер Оле Гунар Солскјер го пофали Французинот.
Тоа е Пол Погба кој го познавам уште од времето кога беше дел од младинската и резервната екипа. Секогаш беше среќен, секогаш имаше голема насмевка на лицето, а кога ќе постигнете два гола, нормално дека повторно ќе бидете среќни. Тоа е негова реакција, а Пол ужива да игра за Јунајтед. Тој е наш од глава до пети и знае што значи да се игра за овој клуб, изјави Солскјер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.