Алексис Санчез најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на летото, бидејќи не е во плановите на Оле Гунар Солскјер за следната сезона, јавува „Сан“. Норвешкиот стратег ќе ја добие тренерската позиција и ќе потпише неколкугодишен договор со англискиот гигант, а тој веќе размислува за селекцијата и непотребните играчи во тимот за следната сезона.
Чилеанецот доби повеќе шанси од својот тренер на „Олд Трафорд“, но не успеа да импресионира и повеќе од очигледно е дека е далеку од формата која ја прикажуваше во Арсенал.
Продажбата на Санчез нема да биде едноставна бидејќи тој е еден од најплатените фудбалери во Јунајтед. Како негова можна дестинација за сега се споменува Атлетикот Мадрид, а интересно е што тој видендов беше забележан во Барселона на натпреварот меѓу Каталонците и Рајо Ваљекано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.