Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер упати критики кон напаѓачот Ентони Марсијал по натпреварот од 36. коло од првенството на Англија против Челси (1-1).

Како што јавуваат медиумите на Островот, Солскјер го прекорил Марсијал пред другите играчи на Манчестер јунајтед. На Норвежанецот не му се допаѓа ставот на францускиот напаѓач, а пред дуелот со Челси тренерот ја забележа пасивноста на Марсијал за време на тренинзите, па затоа и не му даде никаква минутажа во овој меч.

Во тековната сезона, 23-годишниот Французин настапи на 37 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 12 гола и забележа три асистенци



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.