Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во интервју за „ЕСПН“ говореше за неговото минато во клубот, но и за сегашноста како тренер на „црвените ѓаволи“.

Кога се вратив назад како менаџер размислував многу за тоа што го прави тимот победнички. Што треба навистина да преземам за да направам да победуваме на најголемите натпреварувања? Не сум човек кој ќе седне и ќе рече „Тоа беше одлично време“, туку размислувам како стигнавме до тие успеси, потенцираше Солскјер.

Некогаш мора да постапиш силно и луто. Го правиш тоа кога си разочаран, дефинитивно. Доколку твоите деца те разочараат, треба да им го кажеш тоа. Доколку видиш дека се обидуваат да го извлечат најдоброто нема причина да се вика. Некогаш мора да зборуваш смирено, но некогаш мора и да го кренеш гласот, завршил тренерот на Манчестер Јунајтед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.