Манчестер Јунајтед синоќа го доживеа првиот пораз откако на нивната клупа седна Оле Гунар Солскјер откако беа надиграни на домашен терен од ПСЖ (0-2). „Ѓаволите“ беа спуштени на земја од ослабениот ПСЖ кој допатува на „Олд Трафорд“ без две големи ѕвезди како Нејмар и Кавани.

Сепак, гостите од Париз имаат преширок ростер на играчи за да зависат само од двајца фудбалери, а тоа го докажаа изминатава вечер во која посебно доминираа во второто полувреме во кое ги постигнаа двата гола. ПСЖ со оваа победа се стави во пол позиција за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а во исклучително скромната партија на Јунајтед под водство на Солскјер, навивачите посебно издвоија еден играч од кој посебно беа незадоволни.

Станува збор за Алексис Санчез кој го замени повредениот Лингард, но наместо да има значајно влијание, тој комплетно се загуби на теренот и повторно разочара во ситуација кога имаше можност да се докаже пред фановите.

Јас не можам да направам ништо за Алексис Санчез. Кога игра и кога добива шанса, тој треба да се пронајде себеси бидејќи знаеме дека поседува квалитет, порача Солскјер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.