Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер по синоќешната победа над Копенхаген (1:0 по продолженија) во четвртфиналето од Лига Европа, посакува неговиот тим за прв пат оваа сезона да се пласира во финале на еден турнир.
– Ова е трет пат оваа сезона да победиме во четвртфиналето. Стигнавме до полуфиналето во сите натпреварувања во кои учествувавме. Ривалскиот голман беше фантастичен, дури и неверојатен, но и двапати успеавме да ја погодиме стативата. Знаевме дека ќе биде тешко да ги скршиме. Сакавме да ги разбиеме, да не правиме грешки и да се обидеме да создадеме шанси. Сега нашата цел е да обезбедиме прво финале оваа сезона, изјави Солскјер.
Противник на Манчестер во полуфиналето на ЛЕ ќе биде победникот од дуелот Севиља – Вулверхемптон.
– Противник во полуфиналето? Знаеме сè за Вулверхемптон кој играше со нас во Премиер лигата, а Севиља е исто така импресивна. Како што кажав, кој и да ни се падне, сакаме по три полуфиналиња, сезоната да ја крунисаме со едно финале, а потоа и борба за трофејот, додаде предводникот на Манчестер јунајтед
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.