Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер реши да тера мајтап по победата на гостувањето кај Брајтон, вели дека имале среќа што Жозе Мурињо не бил тука да ги мери головите.

По победата на Тотнем над Шкендија во Лига Европа, Жозе Мурињо изјави дека головите на арената „Тодор Проески“ биле пониски 5 сантиметри, па реагирале кај делгатот од УЕФА и биле донесени нови голови.

Жозе Мурињо потоа на Инстаграм објави слики како тој ги мери головите во Скопје, па веста брзо се прошири низ сите медиуми од Европа, па и пошироко.

Токму ова беше причина Оле Гунар Солшер да тера мајтап по тешко издвојуваната победа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Брајтон.

Домаќините во пет обиди ја погодија рамката од голот, па Норвежанецот рече:

Среќа Жозе не беше тука да ги измери головите, во спротивно ќе имавме многу проблеми“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.