Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, не ги штедел комплиментите за играта на Карим Бензема по мечот со Џирона, а имал и порака за сите кои го критикуваа францускиот фудбалер. Реал, синоќа го потврди пласманот во полу-финалето на националниот Куп со победата над Џирона со 1-3.
Ги жалам оние што минатата недела го открија Бензема. Сепак имаат време да уживаат во неговата игра, тој се наоѓа во одлична форма. Бензема е неверојатен талент, секогаш му е подреден на тимот, рекол Солари.
Покрај Реал пласман во полу-финалето на Купот изборија Барселона, Бетис и Валенсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.