Соиграчот на Горан Пандев во Џенова, Федерико Маркети стана жртва во еден неверојатен инцидент, во кој му бил уништен скапоцениот автомобил.
Имено, еден од вработените во пералната имал задача да му го испорача Ферарито на Маркети во тренинг центарот на Џенова, но на пат кон дестинацијата не успеал да одолее на спортскиот автомобил и поради прекумерна брзина предизвикал несреќа.
Во сообраќјаката комплетно е уништена предницата на Ферарито, а единствена позитивна вест е што никој не настрадал при немилиот инцидент во кој Ферарито удрило неколку други автомобили, пред да заврши во ограда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.