Главниот град на Македонија во доцните вечерни часови го тероризира група „Швајцарци“ кои со автомобили и албански знамиња ја прославуваат големата победа на нивната репрепзентација во Катар.

Знамето под кое официјално настапува репрезентацијата на Швајцарија на Мундијалот во Катар вечерва не се вее низ Скопје од ниту еден од педесетината автомобили кои околу еден час кружат низ градот, но затоа може да се види знамето на Голема Албанија.

Дуелот помеѓу Швајцарција и Србија предизвикуваше огромно внимание, не само поради тоа што се работи за меч за пласман во осминафинале на еден Мундијал, по бурниот меч од СП во Русија во 2018 со политичка позадина, но како и тогаш, на крајот Швајцарците се радуваа откако нивните напаѓачи фантастично ги искористија сите грешки во одбраната на Србите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.