Англиските клубови Манчестер сити и Челзи, утре во Порто ќе го играат финалето од Лигата на шампионите, а нивните навивачи покажаа дека „се загреани“ за големата пресметка на стадионот Драгао.

Навивачите имаа физичка пресметка среде крстосница во португалскиот град, со што предизвикаа сериозно нарушување на јавниот ред и мир.

УЕФА дозволи финалето да се игра пред ограничен број на гледачи, а и двата клуба ќе имаат по 6.000 навивачи на трибините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.